Запознајте го Педи, Чивава со посебни потреби која била спасена додека се обидувала да помине преку автопат со четири ленти. Кучето било многу изгладнето и постојано паѓало поради проблеми со вратот. За среќа, Педи бил посвоен, а неколку месеци подоцна добил и нов посебен пријател, јагне по име Лили.

Кога јагнето Лили било во утробата, немало доволно простор за развој на нозете. Откако се родила, нејзината мајка се оддалечила од неа поради тоа што била болна. Но кога Лили била усвоена конечно пронашла верен пријател.

„Кога ја посвоивме Лили, Педи веднаш ја зема под своја закрила и стана нејзина официјална „мијалка“ на лице по секое шише јагнешко млеко, кое во почетокот беше на секој час.“, вели сопственичката Џенел Џенсен.

„Тој се гушкаше со неа и и правеше друштво. Таа беше неговото бебе-јагне. Лили исто така постојано се приближуваше до него. Тие се сакаа еден со друг … тие беа многу блиски.“

Сопствениците на Лили направиле сѐ што можеле за да ги задоволат нејзините потреби. Сепак, по 15 среќни месеци со Педи, Лили починала. Тогаш почнала и депресијата на Педи.

Бидејќи не можеле да го гледаат ПЕди како тагува му купиле плишана играчка-јагне, која изгледа исто како Лили. Иако таа не може да го замени најдобриот пријател, играчката дефинитивно му помага на кучето да се справи со тагата. Педи не ја испушта од неговие шепи и секогаш спие со неа.

Сподели на Facebook
пати видено