Кога ќе ја видите внимателно организираната и каталогизирана колекција на осумгодишната Габи Ман, можеби првин ќе се зачудите. Секој од предметите е обележан со датум, време и место кадешто е најден.

Колекцијата се состои од копчиња, завртки, ореви, парчиња стакло, камчиња, накит, спајалици и сите ги врзува едно нешто – благодарност.

Овие предмети можеби не изгледаат како којзнае што, но за Габи тие се скапоцени подароци.

вр01

Во 2011, кога Габи имала четири години, како и на многу деца на таа возраст, често ѝ се случувало да ѝ падне храна од рацете. Кога ова ќе се случело надвор, локалните врани бргу ја зграбувале паднатата храна. Наместо да се вознемири, таа почнала да ги храни, споделувајќи го нејзиниот училишен ручек со нив.

вр02

Враните, кои се познати по нивната интелегенција, почнале да го чекаат враќањето на училишниот автобус на Габи. На нејзината мајка тоа не ѝ пречело и во 2013 од тоа направиле секојдневен ритуал, заедно со нејзиниот брат. Оттогаш секој ден оставале кикирики во нивниот двор за враните.

вр03

Враните набргу почнале да возвраќаат со подароци: обетки, светкави камчиња и сѐ што ќе го собере во нивниот клун.

вр04

Се разбира, нивниот вкус за подароци не секогаш се совпаѓа со човечкиот. Но сепак Габи внимателно ги собира и каталогизира со податоци каде и кога е собран секој од предметите.

вр05

Специјалистот Џон Марзлуф од Вашингтонскиот универзитет вели дека давањето подароци е честа појава кај враните. Марзлуф исто така додава дека тие се познати по развивањето на лични односи со животни од сите видови, вклучувајќи ги и луѓето. Тој вели дека во случајот со Габи дефинитивно се работи за взаемна комуникација, и дека си ги учат навиките едни на други.

Зошто враните го прават ова? Според Габи, одговорот е едноставен: „Ми покажуваат колку ме сакаат.“

Сподели на Facebook
пати видено