Според неодамнешни истражувања спроведени од професорот Марио Палма од Државниот универзитет во Сао Паоло, отровот на бразилска оса има потенцијал да ги убива канцерогените клетки, притоа не предизвикувајќи никаква штета на здравите клетки. Неговото истражување открило дека еден специфичен вид на оса, осата Polybia paulista го има соодветниот отров за оваа задача. Токсинот кој го произведува оваа оса е наречен Polybia-MP1.
“Терапиите на рак кои го напаѓаат масниот состав на клеточната мембрана би биле целосно нова класа на антиканцерогено лекарство. Ова може да биде полезно во развивањето на нова комбинација терапии, кадешто повеќе лекарства би се употребувале истовремено за да се излекува рак, напаѓајќи различни делови од канцерогените клетки во исто време“, изјавува Пол Билс, ко-автор на научната статија.

wasp

Друг истражувач во тимот, Жоао Ругиеро Нето од Универзитетот на Сао Паоло дополнително го објаснува процесот, велејќи дека „формирани за само неколку секунди, овие големи пори се доволно големи да дозволат критични молекули како РНК и белковини лесно да излезат од клетката. Драматичното зголемување на пермеабилизацијата предизвикана од пептидот и димензиите на порите беа изненадувачки.“

„Разбирањето на механизмот на дејство на овој пептид ќе помогне во понатамошните истражувања за неговата потенцијална употреба во медицината. Бидејќи се покажа дека тој еселективен во поглед на напаѓањето на клетките, овој пептид го има потенцијалот да биде безбеден, но потребна е понатамошна работа за да се докаже тоа“, додава Билс.

Сподели на Facebook
пати видено