Потрагата по населиви планети надвор од нашиот сончев систем доби дополнителен поттик оваа недела, благодарение на три нови планети со големина на нашата Земја, кои кружат околу ѕвезда која е толку бледа што без употреба на телескоп не може да се забележи. Есктрасоларните планети вообичаено се идентификуваат кога ќе минат пред нивната ѕвезда, со што може да се определи и нивната големина, како и нивната орбитална оддалеченост. Овој метод потенцијало би можел да открие и информации за атмосферата на планетата, но бидејќи ѕвездата родител најчесто е крајно светла, вообичаено е невозможно да се добијат вакви информации.

pl

Но, сега со идентификувањето на планети кои се оладени, а нивните ѕвезди бледи, астрономите се надеваат дека ќе можат да директно да ги набљудуваат атмосферите на овие светови кои се надвор од нашиот сончев систем. Ова најново откритие, при кое биле откриени планети околу ѕвезда на 39 светлосни години од нас, издвојува една планета која би можела да биде кандидат за понатамошно проучување.

Кога во 2018 ќе пристигне вселенскиот телескоп Џејмс Веб, ќе биде возможно и директно набљудување на атмосферите на овие планети, со цел да се открие дали е можен живот на нив.

„Системите околу овие мали ѕвезди се единствените места каде што можеме да детектираме живот на егзопланети со големина на Земјата“, вели главниот истражувач во студијата, Мајкл Килон. „Па така, ако сакаме да најдеме живот на друго место во универзумот, треба да почнеме од таму.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено