Одморајќи се во соѕвездието Лео во К2-18, системот на црвени џуџести ѕвезди оддалечен околу 111 светлосни години, лежи новооткриена егзопланета. Астрономите ја нарекуваат супер Земја. Пронајдена со помош на ESO-овиот HARPS (пребарувач на планети со висока точност), оваа планета беше откриена додека научниците ја истражувале веќе откриената егзопланета (K2-18b). Наодите на овој меѓународен тим на астрономи ќе бидат објавени во списанието Астрономија и астрофизика.

Овој истражувачки тим, поддржан од Научно-истражувачкиот совет на Канада (НСЕРК) и Институтот за истражување на екзопланети, пронајде „топла“ Супер Земја со име K2-18c, која има маса од 7.5 ± 1.3 Земјини маси, орбитален период од 9 дена и оска приближно 2,4 пати помала од К2-18б. Тимот не ја открил планетата порано заедно со К2-18б, бидејќи двете егзопланети, иако се во истиот систем, не лежат на истата орбитрална рамнина.

Како што се откриваат нови егзопланети така се почесто се поставува прашањето: „дали постојат вонземјани?“ Но, во рамките на тоа прашање стои друго: „како може да изгледа вонземскиот живот?“

Неодамна, научниците откриле бактериски видови на Антарктикот кои самостојно преживуваат на воздухот. Нашето разбирање за тоа што го сочинува животот и она што животот го бара да преживее, се шири и се менува постојано. K2-18c не лежи во она што во моментов го дефинираме како погодна зона, но можноста за живот да постои е сè уште таму. Рајан Клаутиер, кој го предводеше истражувањето, вели: „со Џејмс Веб-телескопот (JWST) може да ја испитуваме атмосферата и да видиме дали има голема атмосфера или е планета покриена со вода“.

Додека ние продолжуваме да дознаваме повеќе за овие и други егзопланети и како што продолжуваме да го прошируваме нашето знаење за тоа што го сочинува животот, можеме да добиеме подобра идеја за тоа како би можеле да изгледаат вонземјаните. Некои биолози од Оксфорд дури и сугерираат дека би можеле да изгледаат послично со луѓето отколку што би можеле да очекуваме.

Сподели на Facebook
пати видено