Археолозите откопаа остатоци од древен египетски храм, кој припаѓал на Рамзес II, третиот крал на 19-тата египетска династија. Откритието, направено на археолошкото место на некрополата Абусир во Гиза и ова е единствениот доказ што докажува дека фараонот оставил некакво присуство во регионот. Веста пристигнала од Министерството за антиквитети во еден пост на нивната Фејсбук страница за време на викендот.

Тим египетски и чешки археолози поминале четири години копајќи, затоа што се воделе според откритие направено во 2012 година кое навестувало дека некаде во регионот постои изгубен храм. Местото на храмот означува природен премин помеѓу бреговите на реката Нил и поплавената површина во Абусир. Остатоците се постари од 3.000 години и се во правоаголна форма со 32 х 50 метри.

Истражувањето откри голем двор, кој стои во непосредна близина на два складишни објекти. Страничните ѕидови на дворот биле наредени со камени столбови и затворени со цигли од кал. Трагите од бојата покажуваат дека барем некои делови од ѕидот биле насликани со сина боја. Кон задниот дел на зградата, археолозите пронајдоа остатоци од она што изгледа како рампа или скали кои водат кон светилиште. Задниот дел на светилиштето бил поделен на три паралелни комори.

Според изјавата, остатоците од храмот биле покриени со огромни депозити на песок и камења, од кои некои содржеле фрагменти од полихромски релјефи. Овие релјефи ја исполниле декоративната функција, објаснува д-р Мирослав Барта, кој ја предводи чешката мисија. Тие, исто така, му овозможиле на археологот да го врати храмот во времето на Рамзес II (1279-1213 пр.н.е.). Рамзес владеел импресивни 67 години и се вели дека бил татко на повеќе од 100 деца. Еден релјеф содржел гравури со различните титули кои му припаѓале на фараонот.

На уште еден релјефски фрагмент бил прикажан богот Ра, со што се потврдува дека Египќаните продолжиле да го обожаваат богот на сонцето во тоа време и во овој регион. „Откривањето на храмот на Рамзес II обезбедува уникатни докази за градењето и верските активности на кралот во областа Мемфис и истовремено го покажува постојаниот статус на богот на сонцето, Ра, кој бил почитуван во Абусир од 5-тата династија и натаму во Новото Кралство“, изјавил Барта за државните медиуми.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено