Татко на пет деца е поистоветен со Волтер Вајт од американската хит серија Breaking Bad, откако се обидел да прокриумчари дрога „ајс“ во Австралија. Со тоа почнал да се занимава откако му било кажано дека му преостанува уште една година живот. На 44-годишниот Ентони Џон Скот од Флиндерс Парк во Аделаида му било кажано дека има фатално нарушување на срцето, по што тој се решил да ја прошверцува дрогата од Индонезија. Скот бил уапсен на 7 јануари кога му нашле дрога во износ од околу 60 килограми.

Покрај тоа, му нашле и околу девет килограми канабис со продажна вредност од 56 000 долари. Скот се изјаснил виновен по однос на обвинението за шверц со дрога. Сега се соочува со доживотна казна затвор и парична казна од 1,35 милиони долари. Но, неговиот адвокат тврди дека бил под стрес откако ги слушнал лошите вести за неговата здравствена состојба и бара извесен период да мине во домашен притвор.

dr01 dr02

dr03 dr04 dr05 dr06

Сподели на Facebook
пати видено