Сара Флечер го посетила лекарот откако забележала дека имала „оток“ во нејзиниот стомак. И лекарот и Сара мислеле дека се работи за проблеми со дебелото црево, затоа што таа претходно боледувала од анорексија и булимија.

Но оваа поранешна стјуардеса била бремена, иако лекарите и кажале дека поради оштетувања во организмот никогаш нема да забремени. Сара вели дека нејзината ќеркичка Беатрис психички ја „излекувала“ од нејзиното нарушување во исхраната.

На лекарскиот преглед 33-годишната жена освен тоа што била среќна дека не се работи за болест, незината среќа станала уште поголема кога лекарот и кажал дека е 6,5 месеци бремена. Таа подоцна родила здрава ќеркичка. која што според неа ја излекувала од болестите кои ги имала уште од мала и поради кои денес има остеопороза.

Сара вели: „ Најмногу од се сакав да имам бебе, но ми кажаа дека тоа никогаш нема да се случи поради штетата која што ја направив на моето тело, изгладнувајќи се. Мислев дека никогаш нема да закрепнам од болеста. Затоа стигнав до точката кога не ми беше гајле дали ќе оздравам. Јадев само супи, а потоа повраќав. Но кога ми кажаа дека сум бремена веднаш имав причина да се фокусирам на друга личност. Веднаш почнав да јадам за да бидам сигурна дека Беатрис ќе биде добро.“

Лекарот направил неколку прегледи пред да и ја соопшти веста на Сара. Од болницата сакале првин да се осигураат дали фетусот е жив. По прегледот лекарот и рекол дека откриле нешто и нема лесен начин на кој би можел да и го соопшти тоа и дека е потребно да седне. Сара помислила дека ќе добие страшни вести. „Мислев дека ќе каже дека ќе умрам, дека злоупотребата на моето тело која што ја правам со години конечно стигна до крајот. Но кога ми кажа за бебето почнав да плачам.“

Откако излегла од болницата Сара купила огромен сендвич и милкшејк, работи кои што не ги јадела во последните 20 години. Мајката на Сара вели дека бебето и го спасило животот. Флечер сега почнува со работа како агент за недвижности и живее заедно со нејзиниот 42-годишен партнер и татко на бебето.

 

Сподели на Facebook
пати видено