На Сабин Вортелбоер од Холандија и бил дијагностициран редок вид на тумор на мозок, минатата година. Таа за прв пат се појавила во јавноста откако нејзиниот брат и ТВ-презентер покренал акција за собирање на средства за лекување во САД.

Сабин заминала во Хјустон и лекувањето првично и помогнало, но потоа поради гастроинтестинално воспаление, не можела да продолжи со терапијата и ракот повторно се вратил. Оваа храбра тинејџерка одлучила да престане со сите третмани и на социјалните мрежи ја напишала својата последна желба- да и испратат „еден куп“ картички за брзо оздравување.

Откако по посета на доктор заклучиле дека туморот станува поголем и нема начин на кој што би можел да се отстрани Сабин напишала на својот Фејсбук профил: „По овие резултати одлучив да престанам со лекувањето, повеќе нема да функционира. Навистина би сакала за последен пат луѓето да ми испратат картички за поддршка.“

Таа исто така ја напишала и својата домашна адреса и во рок од 3 дена на нејзината адреса пристигнале 33.000 картички.

Мајката на девојчето вели дека на нејзината ќерка не и останува многу време. „Таа по цел ден спие, но кога ќе стане е прилично свесна за околината,“ вели Илсе, мајката на Сабин. Сабин на својот блог го напишала и последниот пост: „Мислам дека е време да кажам збогум. Ви благодарам на сите за се што направивте за мене.“

Сподели на Facebook
пати видено