Џек Ма, основач и претседател на Алибаба Груп, се сретнал со идниот претседател на САД Доналд Трамп во Трам Тауер во понеделник. По состанокот, Ма и Трамп за кратко се сретнале со новинарите и изјавиле дека дискутирале за планови за создавање на 1 милион работни места во САД, дозволувајќи им на малите и средните бизниси да продаваат во Кина преку платформите на компанијата на Ма.

tr01

„Алибаба сака да создаде работни места во САД, помагајќи им на малите бизниси и на фармерите во САД да ги продаваат своите производи на кинеската средна класа, пазар од 300 милиони“, се вели во твит на Алибаба.

„Имавме одличен состанок“, им кажал Трамп на новинарите,, опишувајќи го Ма како „голем, голем претприемач, еден од најдобрите во светот.“

„Тој ја сака оваа земја“, изјавил Трамп“, „и ја сака и Кина.“

Ма на новинарите им изјавил дека со Трамп разговарале да се овозможи американски производи како облека, вино и овошје да бидат продавани преку неговата платформа. Покрај тоа, Ма изјавил дека во текот на дискусијата станало збор и за потребата Кина и САД да ги поправат взаемните односи.

tr02

Трамп досега неколку патија напаѓаше Кина поради нејзината економска политика и ја обвини земјата дека им ги краде работните места на американските граѓани. Тој исто така најави и можно кревање на царината за кинеската стока во САД. Од друга страна, Алибаба планира поагресивно проширување на својот бизнис во Америка.

Сподели на Facebook
пати видено