Еден човек нашол јајце од орел и го ставил во гнездото на својата кокошка. Орелот се испилил заедно со пилињата и растел со нив.

Целиот живот орелот го правел она што го правеле кокошките, мислејќи дека е кокошка. Ја гребел земјата за да најде црви и инсекти за јадење. Ќе ги замавнел крилата и ќе летал само неколку метри, исто како кокошките.

Поминале години и орелот многу остарел. Еден ден тој видел величествена птица над него во чистото небо. Ја гледал како слободно се движи и како само со еден замав со неговите златести крилја величествено се вивнува пркосејќи му на ветрот. Стариот орел гледал со восхит.

“Кој е тоа?” прашал тој.

“Тоа е орел, вид птица,” му рекол неговиот сосед. “Тој припаѓа на небото. Ние припаѓаме на замјата, ние сме кокошки, и да пробаме да летаме нема да успееме.”

Стариот орел сепак решил да проба, замавнал со крилјата силно и се вивнал во воздухот. Летал во воздухот и за прв пат во животот се почувствувал слободен и среќен. Кога сфатил каква убавина пропуштал целиот живот, срцето му препукнало и умрел.

Поука: Можеби и во вас се крие орел, кој секој момент чека да полета. Откријте го пред да биде доцна.

Сподели на Facebook
пати видено