Компанијата „Lufa Farms“ користи технологија и автоматизација за да произведува свежа храна секој ден без почва, без пестициди, помалку вода и нула отпад. Тие ги одгледуваат растенијата на покривите на зградите и тврдат дека оваа технологија е многу значајна за урбаната средина.

Извршниот директор Мухамед Хејџ и Симон Гарнеау објаснуваат како функционираат нивните најсовремени објекти. „Фармата“ прикажана на видеото е една од трите кои компанијата ги има во Монтреал. Симон објаснува дека најмногу ја користат светлината и енергијата од сонцето затоа што е добра за растенијата. Тие не одгледуваат растенија кои растат преку ноќ, туку секое од нив има природен животен циклус. Наместо почва тие користат кокосови влакна кои се за хидропона и за внатрешна употреба затоа што не тежи многу и е одличен за оксигенација, а големиот дел од водата која се користи за наводнување доаѓа од стопен снег и дожд кој го собираат од покривот на фармата.

Исто така производителите имаат голема кочилина на концентрирани витамини кои ги ставаат во системот за наводнување и секоја недела прават анализа на растенијата за да откријат што најмногу растенијата користат од водата. Тие на растенијата им даваат се што им е потребно од хранливите состојки, како што е калциумот, сулфатите, нитратите, кои се додаваат во водата.

Оранжериите ги загреваат со помош на топлината која што доаѓа од самата зграда и велат дека тоа е многу економично и корисно, почнувајќи од тоа дека Монтреал е прилично студен град. Исто така тие одгледуваат и пчели.

Сподели на Facebook
пати видено