Група експерти за јавно здравје ја повикува Светската здравствена организација да размисли за одложување на Олимписките игри во Рио де Жанерио поради епидемијата на вирусот Зика. Во отворено писмо до здравствената организација на Обединетите нации, 150 експерти повикуваат игрите да бидат одложени и да се спроведат на друго место, во име на јавното здравје и безбедност.

Brazil Zika Call To Postpone

Експертите цитираат научни докази дека вирусот може да предизвика сериозни нарушувања кај новороденчињата, при што најпозната последица се ненормално малите глави. Ова е во спротивност со тврдењето на Том Фриден, друг претставник на здравствениот сектор, кој вчера изјави дека епидемијата не претставува доволно силна закана поради која би се размислувало за одложување на игрите.

Thomas Frieden

Врската помеѓу вирусот зика и микрокефалијата (малоглавоста) за првпат беше забележана минатата еден во Бразил, при што беа потврдени 1400 случаи на микрокефалија која се поврзува со инфекција од вирусот за време на бременоста на мајките. Некои експерти сметаат дека одржувањето на Олимписките игри би можело да претставува сериозна опасност за ширење на епидемијата во светски размери.

Сподели на Facebook
пати видено