Се сеќавате на деновите кога луѓето имаа едноставни веѓи кои го красеа изгледот на лицето? Тогаш работите беа многу поедноставни. Сега е многу тешко да се пратат трендовите за веѓите, а работите почнаа и да излегуваат надвор од контрола.

Последниот тренд за темни правоаголни веѓи како гасеници, го засени нов откачен тренд за новогодишни веѓи, секако во духот на претстојните празници. Овој „празничен“ изглед е измислен од Јутуб блогерка од Хонгконг, Тајлер Р. Таа со помош на восок ги обликувала веѓите, а подоцна ги додавала украсите. Но, оваа лудост не завршила со Тејлор. Таа инспилирала други блогери исто така да смислат свои верзии на Новогодишни веѓи.

За жал за оваа година имаше уште неколку минливи трендови за откачени веѓи. Едни од нив беа виножито веѓите, брановидните веѓи и усни и уште многу бизарни начини на „разубавување“ на веѓите.

Сподели на Facebook
пати видено