Досега многу луѓе се посомневале дека електромагнетните зрачења и зрачењата од мобилните телефони се едни од виновниците за зголемената стапка на современите заболувња како ракот. Но, со оглед на тоа дека ретко се правеа сериозни проучувања за да се потврдат или отфрлат овие тврдења, тие биле квалификувани како „патки“. Сѐ досега.

Како што известува Њујорк Дејли, неодамнешно сеопфатно истражување спроведено од Игор Јакуменко докажува дека зрачењето од мобилните телефони допринесува за развојот на мозочни тумори. Научната статија посочува дека радио фреквенциите во вашиот сакан смартфон можат да ја оштетат вашата ДНК. Долгорочно ова може да резултира со главоболки, постојан замор, проблеми со кожата, па дури и рак.

acellphone

„На пример, употребувањето на вашиот мобилен телефон само дваесет минути дневно во текот на пет години трипати го зголемува ризикот за појава на тумор на мозокот, а употребата на телефонот до еден час дневно го зголемува ризикот петпати“, вели Јакуменко.

Бидејќи за да се развијат симптомите се потребни до триесет години, ова токритие не треба да се отфрла, туку да се сфати како сериозно предупредување и препорака да го ограничите изложувањето на зрачењето на мобилните телефони.

Тимот истражувачи се послужил со податоци стекнати од возрасни кои употребувале мобилни телефони најмногу до десет години како возрасни. „Ситуацијата драматично се разликува кај децата кои користат мобилни телефони во текот на детството, кога нивниот биолошки состав е многу почувствителен на ризичните чинители, и кои ќе продолжат да употребуваат мобилни телефони и во текот на нивниот живот како возрасни“, вели Јакуменко.

И навистина, каде и да се свртите, гледате некое дете или тинејџер како си игра со својот смартфон или таблет. Јакуменко препорачува поретка употреба на мобилни, а кога се употребуваат, да се послужите со слушалка за зрачењето да биде што е можно подалеку од вашата глава. Како ќе постапите, се разбира, останува на вас.

Сподели на Facebook
пати видено