Во нов извештај наречен „Глобални катастрофални ризици“, истражувачите од универзитетот Оксфорд ги истакнале најголемите закани за човештвото, секоја со потенцијал да убие повеќе од 10 отсто од населението. Тука се вброени добро познатите разорни сценарија како удар на астероид, нуклеарна војна па се до помалку познатите закани како апокалиптичен вирус или ерупција на супер вулкан. Во предвид била земена дури и катастрофа донесена од интелигентни машини.

kt

„Ова се некои од нештата кои се на хоризонтот – нешта кои можеби нема да се случат за некоја година, но би можеле да се случат – коишто би можеле во целсот да го изменат нашиот свет и тоа да го сторат на навистина разорен и поразителен начин“, вели Себастијан Фаркухар, директор на Проектот за глобални приоритети на Оксфорд. „Историјата нѐ учи дека многу од овие нешта се поверојатни отколку што интуитивно си мислиме.“

Извештајот особено ја истакнува потребата светските влади да преземат активни мерки да се избегнат вакви катастрофи со уништување на нуклеарното оружје, истражување на ризиците кои ги претставуваат интелигентните компјутери и со подобро координирање на плановите за справување со природни катастрофи и пандемии.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено