Новата технологија, опишана како „револуционерна“, ветува дека секој објект ќе го претвори во далечински управувач. Со оваа технологија би можеле да ги менувате каналите со прстот, да го намалите тонот со ламбата па дури и да ја смени поставките со гитара.

Истражувачите од Универзитетот Ланкастер ќе го презентираат својот труд „Matchpoint“: спонтано просторно спојување на движењето на телото за бесконечно посочување, овој месец на конференцијата UIST2017 во Квебек. Овој труд ја опишува техниката која е иновирана за да се овозможи интеракција помеѓу движењето (било да е човечко движење на движењето на објектот) и екраните, што ја прави оваа технологија возможна. Технологијата Matchpoint е релативно едноставна за ракување. Како и нејзините претходници, таа бара веб камера. За да работи, корисникот се поврзува со екранот кој ќе прикаже кружен додаток со ставки од менито околу кругот. Оваа интеракција помеѓу движењето и екранот се опишува како „спонтана просторна спојка“.

Она што ја разликува оваа технологија од претходните е тоа што не бара да комуницирате со одредени делови на телото. Наместо тоа, цели и идентификува ротирачко движење. Ова и овозможува на технологијата да работи без калибрирање или регистрирање на специфични објекти. Може да се користи на телевизори, компјутери и други уреди кои користат екрани.

Кристофер Кларк, кој спрема докторат на Факултетот за компјутери и комуникации на Универзитетот Ланкастер и работел за развој на технологијата, вели во соопштението за печатот: „Спонтаната просторна спојка е нов пристап за контрола со гестикулација, која работи со совпаѓање на движењето, наместо да бара од компјутерот да препознае одреден објект. Нашиот метод овозможува многу повеќе ‘корисничко-пријателски’ однос каде што можете да менувате канали без да го спуштите пијалакот. Можете дури и да го смените каналот со вашата мачка.“.

Сподели на Facebook
пати видено