Јапонскиот автомобилски гигант „Тојота“ направи храбар потег во областа на обновлива, чиста енергија. Компанијата планира да изгради електрана во Калифорнија која го претвора гасот метан произведен од природно ѓубриво(измет од крави) во вода, електрична енергија и водород. Проектот, познат како Три-Gen, беше откриен на овогодинешниот Саем на автомобили во Лос Анџелес.

Електраната која ќе биде лоцирана во пристаништето на Лонг Бич во Калифорнија, ќе биде „првата комерцијална електрана со 100% обновлива моќ и генерирање на водород“, пишува USA Today. Тојота очекува електраната да почне да функционира во 2020 година.

Се очекува да има способност да обезбеди доволно енергија за да напојува 2.350 просечни домови и доволно гориво за да оперираат 1.500 возила со водороден погон дневно. Компанијата проценува дека електраната ќе може да произведе 2,35 MW електрична енергија и 1,2 тони водород секој ден. Објектот исто така ќе биде опремен со една од најголемите станици за водородно гориво во светот. Потпретседателот на групата за стратешко планирање на Тојота, Дуг Мурта, вели дека компанијата „ го разбира огромниот потенцијал за намалување на емисиите и подобрување на општеството“.

Тојота во голема мера инвестира во технологијата на водородни горива. Технологијата се користи во Мираи седаните на компанијата и на претстојниот полу-камион Project Portal. „Еколошки свесните возачи бараат нови, почисти форми на транспорт. Возилото Мираи помага да се одговори на тоа барање заедно со другите возила со алтернативни горива со цел да се добие подобра иднина.“, се објаснува на веб-страната на компанијата.

Целта на производителот е многу да го намали влијанието на компанијата и нејзините производи врз животната средина. Неодамна Тојота”постави цел да го прекине производството на традиционалните мотори со внатрешно согорување до 2040 година и да ги намали емисиите на јаглерод на своите возила за 90% до 2050 година. Електраната ќе биде голем доказ за овој концепт.

Сподели на Facebook
пати видено