Развојот на вештачката интелигенција продолжува да поставува нови и нови хоризонти. Доказот за ова доаѓа од Јужна Кореја, каде што компјутерската програма AlphaGo успеа да го победи светскиот шампион во кинеската стратегиска игра Go. Поразениот шампион признава дека сѐ се случило толку брзо што дури не успеал да се сети дека е поразен.

g

Калифорниските инженери признаваат дека таков успех прогнозирале едвај по десет години, но очигледно компјутерскиот развој станува сѐ побрз и сѐ подобар. AlphaGo го имитира човечкиот ум и стратегија при решавањето проблеми. За да биде уште поинтересно, инженерите го насочиле овој софтвер и против себе, за да можат да останат најспособните. И така, денес се програмираат автономни играчи на игри, утре можеби ќе се програмираат совршено ефикасни терминатори, како во филмовите од пред дваесеттина години кои изгледа точно ја предвидуваат иднината.

Сподели на Facebook
пати видено