Поранешен носач на багаж кој станал мултимилионер раздава поголем дел од неговото богатство. 71-годишниот Кен Таунсли решил огромни суми од своето богатство од 120 милиони евра да подари на име на деца со неизлечиви болести. Тој планира самиот да ги избере добротворните организации кои ќе имаат полза од неговото огромно богатство, при што веќе подарил обемни донации на две детски болници.

tk02

Маргарет Инграм, којашто управува со фондацијата на претприемачот во Блекпул, наречен Фондација Кентаун Визард, вели: „Често се изненадени кога ќе им се јавиме, бидејќи тие не ни аплицирале за средства. Само ќе ги прашаме дали би сакале некои пари.“

Кен започнал да работи како носач на багаж на возраст од петнаесет години, за потоа полека да се пробие до позицијата на менаџер за резервации во аеродромот на Блекпул. Но, кога се преместил во Вритиш Игл Ервејс, бил прогласен за технолошки вишок во 1968 година. Парите кои ги добил од исплатата ги употребил за да основа патничка агенција во центарот на Блекпул.

tk01

И така, од скромните почетоци, Голд Метал Травел израснала во компанија со 600 вработени, која што ја продал на патничкиот гигант Томас Кук во 2009 година за околу 90 милиони евра.

Но, срамежливиот могул во пензија не живее некој раскожен живот, и покрај своето огромно богатство, па така тој сѐ уште самиот си готви и чисти. Маргарет вели:

„Тој нема шофер или говач. Неодамна бев да го посетам во Тајланд и тој самиот го чисти местото и самиот готви. Воопшто не води живот на плејбој.“

Сподели на Facebook
пати видено