Милијардерот Марк Закерберг се врати да дипломира на Харвард откако во 2005 година го напушти за да се фокусира на Фејсбук. Тој го започна доделувањето на дипломите со говор и е најмладата личност која што одржала ваков воведен говор на Харвард.

Основачот на Фејсбук имаше излив на емоции во говорот додека зборуваше за над просечен студент на кој што тој му е ментор, но не може да запише факулет поради тоа што нема документи за престој во државата. Марк ги разбуди сомнежите на јавноста за неговото враќање на Харвард откако одеше во живо на Фејсбук од неговата стара соба во студентскиот дом, минатата недела.

„Промените настануваат на локално ниво. Дури и глобалните промени почнуваат како мали, со луѓе како нас. Секоја генерација го проширува кругот на луѓето за кои сметаме дека се „едни од нас“, и во нашата генерација тоа го вклучува целиот свет… но живееме во нестабилни времиња. Луѓето се оставени на страна поради глобализацијата. Тешко е да се грижиме за другите луѓе ако првин не се чувствуваме удобно во нашите животи,“ вели 33-годишниот Марк Закерберг.

Марк им раскажувал на апсолвените како пред Фејсбук ја направил апликацијата Фејсмаш, која требала да служи за студентите да ја споредуваат атрактивноста меѓу нивните колеги и колешки и поради тоа бил повикан од одборот за санкционирање.

Потоа им раскажал како неговите родители му помогнале да се спакува за да замине од Харвард, а неговите пријатели му подготвиле забава на која што ја запознал, сега неговата сопруга, Присила, додека чекале ред во тоалет.

„Мамо секогаш ти велев дека ќе се вратам по дипломата.“

Закерберг се сеќава:  „И ја кажав „најромантичната фраза“. Ќе ме исфрлат за три дена, па затоа мора да одиме на состанок побргу.“ Тој не се кае за тоа што го направил затоа што слетал дела доколку не го направил Фејсмаш не би ја запознал Присила, за која вели дека е најважната личност во неговиот живот.

Потоа тој зборува за студентот кој го подучува, кој нелегално престојува во државата но има желба да учи и да напредува. Марк говорот го завршил со молитва која што ја кажува на неговата 2-годишна ќерка секоја вечер пред да ја заспие: „Нека изворот на силата кој ги благословил оние пред нас, ни помогне да најдеме храброст да го направиме нашиот живот благословен.“

На 4ти февруари Марк Закербер го лансираше „Thefacebook“ од неговиот лапотоп во  собата на студентскиот дом. За да го направи му биле потребни две недели. Во 2005 година Марк си ветил дека никогаш повторно нема да се врати на Харвард, но по 13 години го прекршил ветувањето.

 

Сподели на Facebook
пати видено