„Можете да гледате, но не допирајте“ – тоа е едно од привте правила во музеите, коишто вдомуваат бесценети уметнички дела. Но, што да се каже за заедницата на слепите и лицата со оштетен вид коишто се потпираат на своето чувство за допир за да го доживуваат светот кој ги опкружува?

Проектот „Невидена уметност“ е иницијатива која уметноста ја прави подостапна и инклузивна преку употребата на технологијата за 3D печатење, за да создаде реплики на ремек делата, коишто ќе можете да ги допирате колку што ви срце сака.

„Во светот има многу луѓе коишто цел живот слушаат за класичните уметнички дела, но не можат да ги видат“, вели Марк Дилон, дизајнер од Хелсинки кој сака да направи делата како Мона Лиза да можат да се допираат. Со цел својата визија да ја преточи во реалност, Дилон неодамна отпочнал кампања за собирање на средства на Indiegogo. Тој се надева дека ќе собере доволно средства за да создаде онлајн склад во кој уметниците ќе можат да дадат свој придонес, оставајќи 3D податоци за уметничките дела, па така секој со 3D принтер би можел да ги испечати.

Со драстичниот пад на цената на 3D печатачите во последните години, проектот на Дилон достигнал потенцијал да „допре“ голем број на луѓе кои се интересираат за уметноста, но никогаш не биле во можност да ја видат. Како што истакнува кампањата: „Би било револуција да се натераат луѓето да посетуваат уметнички галерии, тие ги мразат бидејќи таму нема ништо да се допре!“

ua01 ua02 ua03 ua04 ua05

Сподели на Facebook
пати видено