Државјанин на Таџикистан е обвинет дека го „предизвикал“ самоубиството на неговата сопруга. Според полицијата тој тврдел дека таа не била „девица“ кога се омажила за него и барал друга невеста.

Починатата 18-годишна Рајаби Куршед извршила самоубиство 40 дена по свадбата со 24-годишниот Зафер Пиров, кого таа не го познавала пред свадбата. Пред да стапат во брак, таа ги поминала сите проверки, вклучувајќи и тест за невиност, но тоа не му било доволно на младоженецот, тој инсистирал да се направат уште две дополнителни проверки, па дури и тогаш не им поверувал на резултатите.

Член од семејството на починатата изјавил: „ На смртна постела несреќната девојка велеше дека сето ова време била под притисок и дека веќе не може да го поднесе сето тоа.“ Додека Зафер рекол дека Рајаби му дала писмена дозвола пред да влезат во брак дека може да си земе друга жена бидејќи таа не е невина.

Мајката на девојката вели дека нејзината ќерка била жртва на клевета и насилство и го повикала претседателот да спроведе правда. Таа изјавила дека е подготвена да сведочи под заклетва дека нејзината ќерка немала ништо со други мажи. Таа додала дека Рајаби го напуштила училиштето за да се грижи за нејзините двајца браќа со посебни потреби.

Доколку се докаже дека делата на Зафер го предизвикале самоубиството на девојката, тој може да добие до осум години затвор. Тестовите за невиност се сметаат за рутина во Таџикистан, каде сексот пред бракот се смета за незаконски и неморален. Пред венчавката невестата и младоженецот имаат медицински преглед, но девојките одат чекор подалеку со овој „тест за чистота“.

Пред свадбата Зафер добир потврда од лекар дека неговата невеста немала сексуални односи, а потоа ја натерал да направи уште два дополнителни прегледи и продолжил да и врши притисок на девојката. Од 2014 година во Таџикистан се регистрирани над 600 судски случаи на спорови за невиност.

Сподели на Facebook
пати видено