Роџер Федерер ја освои 18-тата титула на Гренд Слем турнирот во недела, победувајќи го својот долгогодишен конкурент Рафаел Надал во петсетен напрегнат меч на Отвореното тениско првенство на Аустралија, и покрај тоа што шест месеци отсуствуваше од теренот заради повреда. Поранешниот број еден тенисер во светот е еден од најуспешните играчи на сите времиња. Тој има седум титули од Вимблдон и 24 титули од Мастерс турнирите низ цел свет.

fd01

И покрај тоа што пред Отвореното првенство на Австралија Федерер беше 17-ти во светот, тој се искачи до десеттото место. 35-годишниот тенисер е не само еден од најталентираните спортисти во светот, но и еден од тенисерите со најголем доход. Форбс го определи како најплатениот тенисер во светот во 2016 година со вкупна заработувачка од 68 милиони долари од награди и спонзорски договори со компании како Nike и Credit Suisse.

Во 2016 година година Лондонската школа за маркетинг го определи како најрекламираниот спортист во светот, и покрај тоа што Роџер води релативно скромен живот во споредба со други богати спортисти како Кристијано Роналдо. Швајцарската тенис ѕвезда има сопствена добротворна фондација – фондацијата „Роџер Федерер“ која поддржува образовни проекти во Јужна Африка и Швајцарија. Бизнис Инсајдр раскажува како Федерер ги заработува и троши своите пари и како го минува своето слободно време.

fd02

Финансиската состојба на Роџер се проценува на околу 320 милиони долари. Титулата од недела му донесе уште над 2,7 милиони долари. Започнал да игра тенис на 8-тодишна возраст. Роден е во Базел на 8 август 1981 година и родители му се Швајцарецот Роберт Федерер и Јужноафриканката Линет Де Ран, кои го поттикнале и охрабрувале да игра уште од рана возраст. Неговите родители работат во фармацевтска компанија.

На 14 години Федерер станал национален шампион во јуниорска категорија во Швајцарија. Ја освоил јуниорската титула на Вимблдон во 1988 година и станал професионалец уште на 18 години. Неговите први големи победи се случуваат во 2003 година, кога ја освоил првата титула на Вимблдон, победувајќи го Марк Филипусис. Во тоа време Роџер има неполна 21 година и освојува 714 460 долари за својата победа во финалето на единечни натпревари, мажи.

Една година подоцна тој потпишува спонзорски договор со производителот на часовници Морис Лакроа. Потоа станува рекламно лице на Ролекс наспроти сума од 15 милиони долари. Голем дел од неговите доходи доаѓаат од спонзорски договори и партнерства, со кои станува познат низ целиот свет, а 7,8 милиони долари добива како награди за освоените турнири.

Во 2007 година Федерер станува рекламно лице на Жилет, учествувајќи во редица реклами на компанијата. Но еден од неговите најголеми спонзорски договори е со Најк, со кои во 2008 година потпишува 10-тодишен договор во вредност од близу 120 милиони долари. Една година подоцна тенисерот потпишува уште еден 10-годишен договор, овојпат со Кредит Свис. Компанијата не коментира за вредноста на договорот, но се проценува дека се работи за околу 20 милиони долари.

Федерер е познат по неговата добротворна дејност. Тој основал фондација Роџер Федерер во 2003 година, која подджрува образовни проекти во Јужна Африка и Швајцарија. Од своето основање во 2003, фондацијата досега има соберено над 15 милиони долари.

Како целосно предаден на својата спортска кариера, Федерер троши многу пари за својата опрема. Рекетите му се произведени од компанијата Р1, чиишто клиенти се и Новак Ѓоковиќ и Енди Мари.

Благодарение на неговата улога на амбасадор на Мерцедес-Бенз, тој има и голема колекција на автомобили, благодарение на тоа што како партнер на компанијата добива нова кола на секои шест месеци. Во 2014 година тенисерот доби Мерцедес Е-класа кабриолет кој вреди близу 75 000 долари.

Сподели на Facebook
пати видено