Се појави неверојатно видео за кое локалците веруваат дека го прикажува Исус, во колумбискиот град Манизалес, кој минатата недела беше уништен од големо лизгање на земјиштето и 17 луѓе починале. До прородната катастрофа дошло поради обилните дождови кои го зафатиле регионот минатиот месец.

Феноменот предизвикан од облаците бил снимен на планината Санканцио и оваа фигура им даде утеха на жителите, кои ги изгубиле своите домови, сакани и имотот во оваа природна катастрофа.

Марија де Лесус е жената која го споделила видеото и напишала: “Исус Христос го посети нашиот колумбиски град, тој го смири небото и сите го сослушавме. Господ да не благослови и слава му на Бога.” На видеото се слушаат гласови на луѓе кои извикуваат “Ох Господе, благословен Господе дојди и види ја мизеријата”, “Го гледате ли Исус, како стои таму?”

Има различни мислења поврзани со видеото. Сандра Меија вели: “Во момент на болка луѓето сакаат да веруваат дека се работи за божествен елемент, тоа им дава сила и надеж за да се борат.”

Имаше и по конкретен опис на тоа што се случило во Колумбија. Ноа Базан вели: “Ова е природен феномен кога светлината од сонцето ќе продре низ различни видови на облаци. Ова се случува насекаде низ светот.”

Што мислите вие ?

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено