Ракот е наречен испосник затоа што неговиот живот наликува на монасите испосници. Тој наоѓа напуштена школка, се вселува во неа, а на надворешноста со него живеат неколку морски предатори – лутичиња, наречени така по цвеќето, затоа што личат на цвеќиња. Тие го штитат од октоподи и други опасности, а им одговара ваквиот живот затоа што јадат од остатоците на храната што ја јаде ракот испосник. Кога ракот ќе порасне, ја напушта старата школка и си наоѓа нова, поголема, но не ги заборава своите пријателчиња.

Сподели на Facebook
пати видено