Амбер Ванхек (24),  студентка од Тексас тргнала во разглед на водопадите Хавасу во Аризона. Поради проблеми со навигацијата, се изгубила во близина на Големиот Кањон. Набрзо потоа нејзиниот автомобил снемал гориво и останала сама среде пустина.

Батеријата од нејзиниот телефон се испразнила и таа морала да се снаоѓа како да стапи во контакт со светот. Нашла пластична табла во багажникот и на лист напишала: “Ве молам застанете” и ја поставила покрај самиот пат на неколку камења. Исто така со камења напишала „HELP“, со големина што се гледа од хеликоптер.

Се соочила со предизвикот дека треба да се снаоѓа како умее, била среќна што имала малку резерви тестенини. Ги поделила така што да ѝ траат 23 дена, а нашла начин како да ги готви на контролната табла во автомобилот, во најтоплиот дел од денот.

Во првите 2 дена не се нашла никаква помош, па таа одново напишала знак СОС, и тргнала пеш во обид да ја види некој.

За нејзина среќа, по пет дена минати во пустина, случајно ја здогледал еден пилот од хеликоптер на воздушна амбуланта и ја одвел во најблиската болница.

По дводневниот престој во болница, Амбер се врати на студиите на Универзитетот во Северен Тексас, каде студира Меѓународен бизнис и диплматија.

Сподели на Facebook
пати видено