Мајкол Коросео Акуна (25)  од Чиле, кампувал во Националниот парк Мадиди во Боливиа, покрај реката Туичи со група организирана од компанијата Макс Авантури. Кампот се наоѓал во област во која може да се стигне само со брод, исто така километри оддалечена од најблиското населено место.

Неговата група тргнала во прошетка низ прашумите, додека тој останал сам во кампот. Кога се вратиле, тој не бил во неговата кабина. Барајќи го низ кампот, сфатиле дека тој тргнал сам и не оставил никаква трага зад себе.

Пред да тргнат тој одбил да ги придружува, бидејќи не сакал да присуствува на церемонијата Пахмама. Тоа се еден вид обреди и обичаи во чест на Мајката природа, каде се послужуваат листови кока и цигари во посебна атмосфера со свеќи.

Откако членовите на групата тргнале во негова потрага, со часови го барале во локалната област. Групата се посомневала дека постои можност да бил однесен од лошиот дух Дуенде, бидејќи ги повредил законите на Мајката природа со тоа што не присуствувал на церемонијата. Според верувањето духот ја штити природата, а оние кои не ја почитуваат ги казнува, такашто ги носи во други димензии, непознати за човекот.

На помош повикале локален шаман, кој инаку се верува дека може да комуницира со добрите и лошите духови. Мислејќи дека има способност да го лоцира Акуна. Нашле една чорапа која мислеле дека е негова, па шаманот почнал со изведување на ритуалот.  Се испоставило дека Акуна бил заглавен меѓу две димензии и затоа не можел да стапи во контакт со нив.

Во меѓувреме се вклучиле и локални ренџери кои ја пребарувале целата област. По 9 дена, слушнале силен врисок кој доаѓал во близина на кампот.  Го нашле во тешка состојба, ранет и со модринки по телото.Акуна успеал да преживее следејќи група мајмуни кои му давале храна и вода.

Сподели на Facebook
пати видено