Островот Бављенац во Јадранското море е сместен во архипелагот на градот Шибеник, во близина на далматинскиот брег. Зафаќа површина од 1,4 квадратни километри и е целосно покриен со камени ѕидови.  Кога се гледа од воздух, оваа овална форма изгледа како отпечаток од прст со карактеристични бразди на кожата.

Ѕидовите се верува дека се изградени со векови наназад. Тие служеле како граница помеѓу земјоделски површини, а интересно е што се изградени без малтер и тоа со слични форми на камења кои формираат мозаици. Должината на овие камени ѕидови е над илјада километри.

Сподели на Facebook
пати видено