Астероидот со назив 441987 (2010 NY65), ќе прелета 2,8 милиони километри од Земјата. Се очекува астероидот секоја година да ѝ се приближува повеќе на планетата, се до 2022 година. НАСА го следи движењето на оваа тело, кое изнесува 230 метри во дијаметар и велат дека нема да прелета толку блиску за да предизвика штета на Земјата.

Овој астероид бил откриен во јули 2010 година. Д-р Алан Фицсимонс од Универзитетот Белфаст од центарот за истражување на астрофизика предупредува дека е прашање на време кога ќе има удар од астероид а не дали ќе се случи удар од астероид. Еден таков удар може да уништи цел град или пак ако е доволно голем, човештвото.

„Важно е да се знае дека научниците се потрудија да се измисли технологија за да се пронајдат астероидите кои се движат блиску до Земјата. Над 1.800 објекти кои претставуваат закана се пронајдени до сега и најверојатно ќе има уште. Астрономите наоѓаат голем број на астероиди секој ден, повеќето безопасни. Иако сме добри во пронаоѓање на големи астероиди тоа не ни е од корист ако не можеме ништо да преземеме во случај на удар.“, вели Фицсимонс.

Во Јануари 2017 покрај земјата помина астероид голем колку 10-катница на растојание половина од онаа на Месечината. Астероиди како озлогласениот „диносаурус-уништувач“ од 10,2 километри се ретки, но астероид петтина од таа големината би можел да значи крај за цивилизацијата.

Сподели на Facebook
пати видено