И не само тоа, туку победниците си одат дома со високи парични и други видови награди.

1. Бебешко лазење

nat01

Трките во бебешко лазење се прават насекаде во светот, но најголемата се случува во Кина.

2. Тркалање на сирење

nat02

Во овој чуден спорт натпреварувачите тркалаат пита сирење од 5 килограми удолу ридот Купер Хил во Англија. Натпреварувачите трчаат по нивното сирење. Првиот кој ќе стигне долу на целта го собира сето сирење.

3. Ноктолимпијада

nat03

Олимпијадата на ноктите се одржува секоја година од нејзиниот почеток пред десет години. Има нормални и чудни категории.

4. Качување на дрво

nat04

Во текот на овие натпревари во Индонезија се мачкаат стебла со маст, на кои тимовите се обидуваат да се искачат на врвот, кадешто се поставени наградите за победниците.

5. Борење со стапала

nat05

Идејата за ова невообичаено натпреварување се родила во еден англиски паб. Сега натпреварот се одржува на национално ниво.

6. Бебешко плачење

nat06

Ова е натпревар стар повеќе од четиристотини години и се одржува во Јапонија, при кој сумо борачи се обидуваат да расплачат бебиња правејќи им страшни гримаси. Се вели дека тоа им носи здравје на бебињата.

7. Трка со ноеви

nat07

Овие трки се популарни во Африка и некои делови на САД. Слични се на трките со коњи, со таа разлика што џокеите почесто ќе се најдат на земја.

8. Тркање со лопати

nat08

Тркањето со лопати започнало како начин на кој одржувачите на ски лифтовите се спуштале по планината. Се прави на обични или модифицирани лопати, а брзината достигнува до деведесет километри на час. Натпреварувањето било вброено во првите Х игри, но било отстрането поради безбедносни причини. Било премногу екстремно за екстремните спортови.

9. Трка со косилки

nat09

Овие трки станале популарни во САД, делови на Англија и Австралија.

10. Фрлање на мобилни

nat10

Овие натпревари се одржуваат на најразлични локации, а светскиот шампионат се одржува во Финска. Многу од овие настани се спонзорирани од компании за рециклирање, и натпреварувачите фрлаат стари телефони со надеж дека ќе освојат нов.

11. Воздушна гитара

nat11

Иако овие натпревари се одржуваат на различни места во светот, првиот и најголем шампионат се одржал во Финска во 1996, по што традиционално се одржува секоја година.

12. Трка на лебарки

nat12

Австралија е дом на одржувањето на трки на лебарки. Натпреварувачите донесуваат лебарки кои ги ставаат во средината на церада. Првата лебарка која ќе стигне до работ е победник.

13. Носење на сопруги

nat13

Овие шампионати се одржуваат насекаде низ светот. Сопрузите треба да ги пренесат нивните сопруги преку најразлични препреки, надевајќи се први да ја преминат целната линија. Светскиот шампионат секоја година се одржува во – Финска!

14. Повикување на црви

nat14

На натпреварувачите во овој невообичаен спорт им се дава мало парче земја и тие преку различни методи на предизвикување вибрации треба да примамат што е можно повеќе црви во даден период на време. Рекордот го држи едно десет годишно девојче кое собрало 567 црви.

15. Натпревари за брада и мустаќи

nat15

Натпреварувањата се одржуваат низ САД и Европа и во нив се вклучени разни категории. Своите почетоци ги има во 1990 година, а по прикажувањето на документарниот филм Мажествено во кој се појавиле некои познати медиумски личности, нивната популарност се зголемила.

16. Лист, камен, ножици

nat16

Натпреварите во оваа популарна игра се одржуваат во многу земји во светот.

17. Трка со кревети

nat17

Вакви трки се одржуваат насекаде низ светот, во коишто барем еден член од тимот треба да се вози во креветот. Многу од овие трки се одржуваат во добротворни цели.

18. Носење пчели

nat18

Овој традиционален кинески спорт е повеќе од бизарен. Победникот се определува по тежината на пчелите кои ќе ги собере на себе. Рекордот во Гинисовата книга изнесува 39.4 килограми, или околу 350 000 пчели.

19. Плукање на семки од цреша

nat19

Овој натпревар традиционално се одржува во Мичиген, САД и рекордот изнесува 28 метри.

20. Натпревар во гримаси

nat20

Во овој годишен англиски натпревар соперниците треба да ја направат најгрдата гримаса која можат.

21. Фрлање на црн пудинг

nat21

22. Воздушен секс

nat22

Ако воздушната гитара не ви изгледа доволно откачено, пријавете се за натпревар на Светскиот шампионат во воздушен секс. Почнувајќи во 2009 година, се прават турнеи низ САД, кадешто се донесуваат регионалните победници. Потоа тие се натпреваруваат во финале кадешто се крунисува конечниот победник.

Сподели на Facebook
пати видено