Кучката Попи родила 15 кученца на Денот на мајката, иако нејзините сопственици мислеле дека леглото ќе брои од 8 до 10 кученца. Сопственичката Лиса Вардел не можела да поверува на своите очи, кога Попи ги донела на свет своите 15 малечки.  На Попи ова и било прво легло во семејството кое брои 6 члена меѓу кои, таткото Питер, мајката Лиса, синовите Бен и Џек и ќерката Аби. Тие ја споделуваат неизмерната среќа, иако по извесен период ќе треба да се одделат од нив, бидејќи немаат доволно простор да ја чуваат целата фамилија кучиња.  Се надеваат дека ќе најдат соодветни семејства кои ќе се грижат за овие слатки кученца.

Сподели на Facebook
пати видено