Повеќето родители ги поттикнуваат своите деца да учествуваат во училишни секции по часовите за малку да ги прошират нивните хоризонти. Но, 31-годишниот Боби Порт, брокер од Есекс, толку сака неговата ќерка да биде успешна што плаќа големи пари за неговата ќерка да има ново хоби секој ден од неделата. Лили Ре има само единаесет години, но посетува курсови по танц, пливање, голф, француски, виолина и др.

Од страна на нејзиниот татко и нејзината маќеа е опсипувана со скапи подароци, доколку се држи до вонучилишните активности за кои тврди дека многу ги сака. Лили Ре тврди дека сака да стане моден дизајнер кога ќе порасне, велејќи: „Јас навистина сум си нормално дете. Одам на балет, уличен танц, пливање, фудбал и голф, а свирам и виолина и учам француски. За толку се има време – секоја ноќ после училиште имам друга активност, но воопшто не ме изморува и навистина ми е забавно!“

Таа вели дека нејзините родители не ја тераат на ништо и дека ја поддржуваат секогаш кога ќе фрли око на некое ново хоби.

„Тие само сакаат да бидам добра и успешна, а и јас го сакам истото. Знам колку имам среќа, не само да имам шанса да ги правам сите тие интересни нешта, туку и за сите подароци кои ги добивам. Но, не сум разгалена. Едноставно сум среќна.“

Единаесетгодишното девојче насобрало гардероба со дизајнерска облека на која и славните би ѝ позавиделе, а татко и ѝ ветил дека доколку совлада некој инструмент или научи некој јазик додека да наполни шеснаесет години, ќе ѝ даде 10 000 фунти (околу 13 000 евра).

„Само сакаме таа да биде среќна и успешна – но нема да порасне очекувајќи дека сѐ ќе ѝ биде дадено на тацна“, велат нејзините родители.

dv01 dv02 dv03 dv04 dv05 dv06 dv07 dv08 dv09 dv10 dv11

Сподели на Facebook
пати видено