Осумнаесетгодишната Викторија Томсон од Ланарк, Шкотска, смета дека Сабвеј, ланец продавници за брза храна, ја дискриминира бидејќи била одбиена поради нејзините тетоважи. Таа се пријавила за работа и била воодушевена кога била поканета на интервју. Но, неколку часа по интервјуто, член на персоналот ѝ кажал дека нема да ја добие работата бидејќи на менаџерот не му се допаднале нејзините тетоважи. Викторија се вознемирила поради тоа, бидејќи забележала дека менаџерот и самиот имал тетоважи.

tt01

„Неговите тетоважи не беа покривени, но јас му кажав дека не би имала проблем да ги покријам моите кога сум на работа, ако така треба, но тој ми кажа да не се грижам бидејќи тоа што имам тетоважи не е проблем.

Не разбирам како моите тетоважи би ми пречеле да направам сендвич. Бесна сум. Мислам дека ме дискриминираат затоа што сум девојка.“

По искуството, Викторија му упатила имејл на менаџерот, прашувајќи го за гласините. Таа напишала:

„Моето име е Викторија Томсон и вчера бев на интервју кај вас. Слушнав гласини од вашиот персонал дека нема да ме примите поради моите тетоважи, за кои кажав дека радо би ги покрила носејќи долги ракави. Ќе ги извадам и своите пирсинзи бидејќи тие претставуваат ризик по здравјето и безбедноста ако се најдат во храната, но ако е само поради тетоважите, не сум 100 проценти сигурна, но имате и друг персонал со тетоважи кои не ги покриваат, а кажав дека јас би ги покрила ако тоа е дел од работната рутина.“

tt02

Менаџерот на продавницата одрекува дека тоа била причината поради која Викторија не ја добила работата. „Имаше и други успешни кандидати за работата. Персоналот распространува разни гласини и јас не сум особено среќен поради тоа.“, вели тој.

Сподели на Facebook
пати видено