Ново кафуле во Германија бргу станува хит благодарение на фактот што сѐ во него е наопаку. Кафулето Топелс во Вертхајм беше отворено на почетокот на оваа година и стана голем хит меѓу туристите, кои не можат да се изначудат на збунувачката изведба. Однадвор и куќата е превртена на покривот, а дури има и превртен автомобил на паркингот пред неа.

Внатре е уште почудно. Куќата и кафулето припаѓаат на замислено семејство наречено Топел. Како што можете да претпоставите, и внатре сѐ е поставено наопаку, што овозможува навистина интересни фотографии, и тоа е една од главните причини за популарноста на местото.

np01 np02 np03 np04 np05 np06 np07 np08

Сподели на Facebook
пати видено