За разлика од луѓето животните ретко се онесвестуваат од паничен напад или емоционален стрес. Но очигледно има еден вид на кози кој што го прави тоа. Кога ќе се исплашат овие т.н “Онесвестувачки кози” паѓаат на лице место.

Тие паѓаат со нозете комично кренати и вкочанети нагоре. Откако ќе лежат во таа положба неколку секунди, козите повторно стануваат и си ‘продолжуваат со својата работа.’ Оваа урнебесна реакција на страв, ги направи овие кози предмет на многу смешни вирални видеа.

Овие кози всушност не се онесвестуваат, тие само се вкочануваат од страв, генетска состојба позната под името Конгенитална миотонија, која ги вкочанува мускулите кога некој чувствува страв. Миотонични кози за прв пат се појавиле во Тенеси, САД во 1880 година, кога фармер по име Џон Тинсли пристигнал во државата со 4 вакви кози.

Никој не знае од каде пристигнале Џон Тинсли и неговите кози. Поради тоа потеклото и расата на овие кози останува мистерија, затоа што оваа состојба не се појавува кај останатите кози низ светот.

Сподели на Facebook
пати видено