Летото е најдобриот период во годината да уживате во времето коешто го минувате надвор. Но, ништо не може да ви го расипе уживањето во топлите летни ноќи како – комарците. Досадни се, ги има насекаде и не ги забележувате сѐ додека не е предоцна – тие се насекаде по вас. Но, некои научници веруваат дека можеби откриле начин како да ја држат оваа напаст подалеку од вас.

mosquitos_suck_xh11qx

Истражувачи при универзитетот A&M во Тексас можеби откриле начин како да ги измамат комарците да не нѐ касаат, и тоа со помош на бактериите коишто живеаат на нашата кожа. Имено, бактериите на вашата кожа „си зборуваат“ едни со други така што произведуваат состојки за да си испраќаат биохемиски пораки. Споредете ги овие биохемиски пораки со криптиран имејл, а сега комарците споредете ги со хакери – тие можат да ги пресретнат овие сигнали, како што хакер би можел да ја пробие вашата интернет комуникација.

На сцената стапува Џефри К. Томберлин – тој верува дека можеме да направиме комарците потешко да ги „читаат“ пораките на бактериите на нашата кожа. Овој метод за одбивање на комарци би можел да биде и поздрав од спрејовите против бубачки.

„Би можеле да произведуваме природни средства за одбивање на инсекти, со кои би можеле да ги прелажеме комарците“, вели Томберлин. „Можеби би било подобро да ги измениме пораките на бактериите, соопштувајќи им на комарците дека не сме добар домаќин, наместо да произведуваме хемикалии кои можат да бидат штетни за бактериите на нашата кожа или на самата кожа.“

За да го испита ова, неговиот тим зел бактерија која често се наоѓа на човечката кожа – Staphylococcus epidermidis – и го избришале генетскиот механизам кој на бактеријата ѝ овозможува да ги кодира своите пораки. Кога комарците биле изложени на крв во којашто била вбризгана таа бактерија, тие поретко биле привлечени од неа во споредба со крвта во која била вбризгана обична бакгерија.

Тимот на Томберлин е сѐ уште далеку од тоа да изнајде начин како би можеле да го примениме овој нивен пронајдок, за кој тврдат дека нивните експерименти ја потврдуваат нивната теорија.

Сподели на Facebook
пати видено