Научниците примениле нови аналитички техники од податоци собрани од Европската Јужна опсерваторија (ESO), Многу голем телескоп (VLT) и други телескопи во текот на изминатите дваесет години.

Оваа нова анализа на ѕвездите кои орбитираат околу супермасивната црна дупка во срцето на Млечниот Пат открива движење кое отстапува од она што класичната физика го предвидува, а наместо тоа ги поддржува суптилните ефекти предвидени со општата теорија за релативноста на Ајнштајн.

Најблиската супермасивна црна дупка до Земјата е онаа што се наоѓа на 26.000 светлосни години во центарот на Млечниот Пат и е четири милиони пати поголема од Сонцето. Овој гигант е опкружен со кластер на ѕвезди кои орбитираат околу гравитационото поле на црна дупка – идеално место за докажување на општата теорија на релативноста на Ајнштајн и поопшто, на гравитационата физика.

Ова е причината зошто еден тим од астрономи неодамна применил нова техника за опсервација на податоци добиени од ѕвездите, споредувајќи ги измерените ѕвездените орбити со предвидените од двете класични теории, гравитацијата на Њутн и општа теорија за релативност.

Тимот открил навестувања за мала промена во движењето на S2, една од ѕвездите. Промената е мала, само околу една шестина од степен во ориентацијата на орбитата и неколку проценти во обликот на орбитата, но тие промени се во согласност со предвидените релативистички ефекти. Ова е прв пат кога силата на општите релативистички ефекти се мери за ѕвезди кои орбитираат околу супермасивна црна дупка.

Инфрацрвените адаптивни оптички инструменти на VLT обезбедиле многу точни позициони мерења кои биле од витално значење за успехот на истражувањето. Точноста на овие мерења била од суштинско значење, особено за време на периодот кога S2 била подалеку од црната дупка, бидејќи тие податоци му овозможиле на тимот точно да ја одреди почетната форма на орбитата и нејзината промена, како што влијаела релативноста. Ова истражување исто така обезбедило точни мерења за растојанието на црна дупка од Земјата и нејзината маса.

Во текот на 2018 година, инструментот GRAVITY, инсталиран на VLT интерферометарот, ќе биде подготвен да ја мери орбитата на S2 додека минува многу блиску до супермасивната црна дупка. Ова ќе ги открие релативистички ефекти со поголема јасност, но може и целосно да ја промени физиката, бидејќи астрономите откриле отстапувања од општата релативност.

Сподели на Facebook
пати видено