Парите можеби не растат на дрво, но на Нептун и Уран паѓаат од небото. Според научниците од Станфорд кои го користат Linac Coherent Light Source, кој ги пресоздава атмосферските услови од двете најоддалечени планети во нашиот Сончев систем во лабораторијата и открија дека дождот не се состои од вода. Тој се состои од дијаманти.

Научниците веќе долго време се сомневаа дека условите би можеле да бидат соодветни за дијамантски дожд во надворешните планети, но без сонда која е способна да истражува, докажувањето на феноменот зависеше од можноста да се репродуцираат соодветните услови во лабораторијата и за прв пат ваквиот подвиг е возможен.

За да има дожд од дијаманти потребна е атмосфера со соодветна мешавина на водород, хелиум и метан. Тоа е она што го гледаме на Нептун и Уран (нивната специфична сина боја се должи на оваа уникатна атмосферска мешавина). „Ова [состојба] ќе генерира врнежи од дијаманти во таквите небесни тела. Ова значи дека иако можеби нема чисто дијамантско јадро, но сигурно има дијамантска обвивка околу карпестите јадра ои би требало да постојат внатре во Нептун и Уран.“, изјавил Доминик Краус, автор на трудот.

Истражувачите користеле алатка наречена „Материја во екстремен услов“ да постават јаглеводороден полимер под огромен притисок. Ова предизвикало тој да се распадне во неговите составни атоми на водород и јаглерод и за исклучително краток период, да формира „нанодијаманти“.

Според научниците овие услови се слични со оние на Уран и Нептун каде што има мориња од метан, кои потоа се стегаат во дијаманти од огромните притисоци создадени од планетите. Исто така, е во рамките на теоретската можност дека постојат и „дијамантски санти“ кои пловат. Клаус вели дека иако дијамантите најверојатно се во цврста состојба на Уран и Нептун, кај останатите планети можно е тие да се наоѓаат во течна состојба.

Сподели на Facebook
пати видено