Овој планетарен систем се наоѓа на 10,5 светлосни години од Земјата, во јужната хемисфера на соѕвездието Еридан. Ѕвездата Epsilon Eridani или Епс Ери, како што ја нарекуваат повеќето научници е најблискиот планетарен систем околу ѕвезда, кој е сличен на нашиот ран сончев систем.

Ова е одлична можност да набљудуваме како се создава еден планетарен систем. Стратосферската опсерваторија на НАСА за инфрацрвена астрономија, СОФИЈА, го откри овој планетарен систем. Претходните истражувања индицирале дека Епс Ери има остатоци од диск кој орбитирал околу ѕвездата, откако завршила планетарната изградба. Овие остатоци можат да бидат во форма на гас и прашина, како и мали карпести и ледени тела. Овој диск на Епс Ери личи на нашиот астероиден појас. По понатамошното извршено истражување пронајдена е планета со големина на Јупитер, која кружи околу ѕвездата на иста далечина на која што се наоѓа Јупитер од Сонцето.

Масимо Маренго од Универзитетот од Ајова, вели дека ова е одличен начин да видиме како еволуирал нашиот сончев систем. „Оваа ѕвезда моментално минува низ истиот катастрофален процес низ кој минувал и нашиот Сончев систем, кога Месечината ги добила првите кратери, а океаните на Земјата се наполниле со вода и почнале да се воспоставуваат поволни услови за живот“, вели Маренго.

Со новите слики добиени од СОФИЈА, Кејт Су од Универзитетот во Аризона и нејзиниот истражувачки тим, исто така, беа во можност да направат разлика помеѓу два теоретски модели. Овие модели се врз основа на претходно добиените податоци од вселенскиот телескоп на НАСА Спицер.

Биле потребни неколку години додека да се открие што се крие зад дискот, поради тоа што светлината од ѕвездата е сеуште слаба и е тешко видлива. Се смета дека овој планетарен систем има повеќе планети, затоа што при истражувањето се пронајдени неколку празнини, но тоа сеуште не е докажано и целосно ќе се открие откако ќе биде пуштен во употреба Џејмс Веб вселенскиот телескоп на НАСА, долг 6,5 метри, кој ќе биде готов во Октомври 2018 година.

Сподели на Facebook
пати видено