НАСА повика прес-конференција во четврток за да ги презентира своите откритија поврзани со океанскиот свет. Тие велат дека новите информации доаѓаат од вселенското летало Касини и телескопот Хабл. Овие нови откритија ќе помогнат во идните исражувања на океанот вклучувајќи ја и идната Европа Клипер мисија на НАСА, која ќе започне во 2020 година и ќе го прошири истражувањето за живот надвор од планетата.

Настанот ќе се одржи во Џејмс Веб Аудиториумот во седиштето на НАСА во Вашингтон, на кој што ќе учествуваат повеќе експерти од државата. Ќе бидат вклучени и неколку членови на тимот на Касини леталото, со што се креваат шпекулации дека откритието може да биде за месечината Европа, шестиот сателит на Јупитер, или пак за Енцеладус, шестата најголема месечина на Сатурн.

Кога зборуваме за вонземјани сателитот на Јупитер, Европа е еден од најинтересните тела во сончевиот систем. Ова месечина е 500 милиони милји оддалечена од сонцето, има океан под својата површина, што ја прави едно од по очигледните места во сончевиот ситем каде што може да се роди живот.

Затоа што сателитот Европа има повеќе вода во течна состојба и од планетата земја, се смета дека информациите кои ќе се споделат на прес-конференцијата ќе бидат поврзани со постоење на живот на оваа месечина. Месечината широка над 3000 километри, под нејзината ледена школка крие океан во течна состојба, кој е во допир со карпестата обвивка на Европа со што може да дојде до откривање на неверојатни хемиски реакции. Наместо директен доказ за нов живот експертите сметаат дека оваа ќе биде еден чекор напред, кон наоѓање на истиот.

Сподели на Facebook
пати видено