Кога станува збор за љубовта и свадбата, кај народот секогаш има многу верувања. Еве некои од нив:

Кога двајца ќе си ги удрат главите во желба да кренат нешто од подот, ќе се засакаат.

Ако секогаш изедеш сѐ од чинијата, ќе имаш убав маж или жена.

Кога за тебе ќе се закачи гранка, тоа е знак дека некој те обожува. Гранката не треба да ја газиш, туку да ја тргнеш со рака.

Розата од чијашто средина расте пупка е „вереничка роза“. Ако најдеш таква, тоа значи дека брзо ќе се омажиш или ожениш.

Ако на фустанот ти се закачи на трн, тоа е знак за нечија скора свадба на која ќе се најдеш и ти.

Првата темјанушка која ќе најдеш напролет, изеди ја, бидејќи во текот на целата година ќе те сака твојот љубен.

Ако најдеш јајце со две жолчки, некој наскоро ќе се венча.

Ако во гардеробата најдеш бел конец, на тебе мисли црнокосо момче или девојка, и обратно.

Ако ти падне нож и се забоде, ќе доживееш неверство од личноста која ја сакаш.

Не менувај го свршеничкиот прстен за да не ти се смени и животот.

Ако на денот на венчавката врне дожд, невестата многу ќе плаче во тој брак.

Момчето не смее да ѝ подарува обетки на девојката, бидејќи нивната врска набргу ќе заврши.

Се верува дека времето на двајца заљубени е одбројано ако еден од нив на другиот му подари часовник.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено