Наркоман оди да купи дрога. Дилерот му вели:
– Денес имам само црно-бела дрога.
Наркоманот бил во криза и купил. Се враќа дома, излегува на балконот и се „средува“.
И што да види: Сè станало црно, после се станало бело, потоа пак црно, потоа пак бело. Му поминало дејството и влегувајќи во собата и вели на жена си:
– Јас излегувам да се прошетам малку!
Жена му одговара:
– Важи драги, така треба. Почнав да се загрижувам затоа што веќе трет ден стоиш на балконот.

Сподели на Facebook
пати видено