Пред да се запише на Универзитетот на Тексас во Остин, младиот дизајнер Џоел Вебер пресметал колку ќе го чини студентскиот живот и дошол до заклучок дека студентскиот дом не е за него. Соба во еден од студентските домови би го чинела 1135 долари месечно, а изнајмувањето на една соба во близина на универзитетот би го чинела околу 1913 долари.

Така, Вебер решил да се обиде да ги намали трошоците. Тој изградил мала куќичка од 13.4 метри квадратни во дворот на неговиот пријател. Го чинело помалку од 15.000 долари, благодарение на великодушните донации, како и на неговата снаодливост, и сега тој не плаќа кирија и планира да го избегне студентскиот долг, од кој стравуваат младите Американци.

Дизајнот го планирал така што поставувал јаже во дворот со кое ги определувал контурите.

 pr02

„Ќе седнев во средината и ќе си замислував, каде би сакал да биде мојата бања?“, вели Вебер

pr03

Тој имал извесно искуство во градителство и поправање, но сепак му била потребна мала помош во изградбата на неговиот иден дом.

pr04

Додека студирал, чиракувал кај дрводелец и водоинсталатер, а исто така од библиотеката позајмувал книги за архитектурата.

pr05

Но, сето тоа не било без ризик, бидејќи ги испразнил сите свои заштеди.

pr06

По една година, откако потрошил 15.000 долари,куќичката била готова. Вебер не можел да биде посреќен.

  pr07

Можете да видите дека се погрижил внатрешноста на неговиот дом да биде пријатна и удобна…

pr08

…добро искористувајќи ја секоја педа простор, како што се гледа од овие скали кон неговиот кревет, кои во исто време претставуваат и работна маса и полици.

pr09

За изградбата употребил отпаден и непотребен дрвен материјал.

pr10

Поглед кон неговата бања.

pr11

Мијалникот го изделкал од манго дрво, коешто потоа го обложил со епоксидна смола.

pr12

Над кујната е неговата спална соба.

pr13

Во замена за земјиштето кадешто е поставена неговата приколка, Вебер работи како бејбиситер и чистач кај семејството кои се сопственици на земјата. Ја користи нивната електрична енергија, што значително му ги намалува трошоците.

pr14

Тој планира да живее во неговиот импровизиран дом најдолго што може, иако веќе почнува да добива понуди да му ја купат куќичката. Тој сепак размислува за можноста да ја изнајмува за одмори и викенди.

pr15

pr16 pr17

Сподели на Facebook
пати видено