Тригодишно девојче со церебрална парализа ги разнежни гледачите на This Morning, а подоцна и целиот свет, откако без помагала тргнала да се сретне со Дедо Мраз. Есме Хоџ, од Торнбери, Бристол, минатата година била дијагностицирана со церебрална парализа и спастична диаплегиа и до неодамна можела да оди само со помагала.

Но, во септември таа отпатувала во Америка за процедура од 80.000 евра, а минатата недела ги направила првите чекори. Девојчето им се придружило на родителите, Ангела и Метју во This Morning и ги разнежнило срцата на гледачите кога станало од инвалидската количка и тргнало да земе подарок од Дедо Мраз. Емотивните обожаватели плачеле и го фалеле малото девојче.

Есме е родена 11 недели предвреме и тежела само 1 килограм и 300 грама. Нејзините родители знаеле дека нешто не е во ред со девојчето кога таа не се развивала на ист начин како и останатите 8-месечни бебиња. Лекарите биле принудени да ја стават во специјален инкубатор каде што останала шест недели. Но, по враќањето дома во Торнбери, Бристол, Ангела и Мет сфатиле дека Есме не се развивала со истата стапка како и другите деца од нејзината возраст, и не можела да ја користи левата страна.

Откако ја добила дијагнозата на 2-годишна возраст, нејзината мајка Ангела слушнала за операцијата на селективна дорзална ризотомија (СДР), која не беше достапна на NHS. Семејството собрало од донации повеќе од 80.000 евра и го однеле малото девојче на операција во Америка.

Сподели на Facebook
пати видено