На 28. јули, Џиа Џиа, славната и обожубана панда од Океанскиот Парк на Хонг Конг наполни триесет и седум години и стана светски рекордер во Гинисовата книга на рекорди. Триесет и седум години можеби не ви се чини многу, но изразено во човечки години, тоа се 111 години!

За да ја одбележат оваа прилика, била направена џиновска торта од лед и зеленчук. Но, сосема очекувано, старата бабичка си се држела до тоа што го знае и сака – бамбусови трски. Едвај и го допрела својот подарок.

Претходниот рекордер за најстара панда во заробеништо, Дуду, бил роден во 1962 година и живеел до 1999 година, достигнувајќи возраст од триесет и шест години. Просечниот животен век кај пандите изнесува 18-20 години во дивина и 30 во заробеништво.

Сподели на Facebook
пати видено