Луѓето кои премногу сакаат пари мораат да бидат исфрлени од политиката, смета уругвајскиот претседател Хозе Мухика.

„Ние измисливме нешто што се нарекува репрезентативна демократија, кадешто мнозинството е тоа што одлучува“, вели Мухика. „Па така, мислам дека и ние кои сме на чело на државата би требало да живееме како и мнозинството, а не како привилегирано малцинство.“

mh

Мухика, кој е наречен „најсиромашниот претседател во светот“ 90 отсто од неговата плата донира за добротворни цели, претседател кој би требало да им служи за пример на сите политичари во светот.

„Црвениот килим, сите тие нешта, сето тоа е остаток од феудализмот. А персоналот кој го опкружува претседателот е како стариот двор“, вели претседателот.

Мухика објаснува дека нема ништо против богатите луѓе, но не мисли дека тие соодветно ги застапуваат интересите на мнозинството граѓани кои не се богати.

„Јас не сум против луѓето кои имаат пари, кои сакаат пари, кои лудуваат по пари“, вели Мухика. „Но, тие мора да се тргнат од политиката, тие се опасни во политиката. Луѓето кои сакаат пари би требало да се посветат на индустријата, трговијата, и да си се богатат. Но, политиката е борба за среќа на сите луѓе.“

Запрашан зошто богатите луѓе би биле лоши претставници на сиромашните, Мухика вели;

„Тие вообичаено го гледаат светот од нивна гледна точка, а тоа е перспективата на парите. Дури и кога работат со добра намера, перспективата која ја имаат за светот, животот, нивните одлуки ќе зависат од перспективата на богатството. Ако живееме во општество во кое би требало да управува мнозинството, тогаш мораме да ја вкорениме таа перспектива на мнозинството, а не на малцинството.“

Мухика е познат по тоа што ги отфрлил симболите на богатството и функцијата, каква што е вратоврската.

„Вратоврската е бесполезна крпа која го стега вратот. Јас сум непријател на конзумеризмот. Поради овој претеран конзумеризам забораваме на основните нешта и ја трошиме човечката сила и енергија на произволности кои имаат малку со човечката среќа.“

Мухика живее на мала фарма на периферијата на главниот град Монтевидео заедно со неговата сопруга и кучето Мануела. Тој вели дека го отфрла материјализмот бидејќи му го краде времето кое сака да го користи за неговите страсти, како одржувањето на неговата фарма.

„Јас немам раце на претседател. Малку се груби“, вели скромниот претседател.

0

Сподели на Facebook
пати видено