Тајланѓанец претрпел огромна загуба на крв откако питон ги зарил своите заби во неговиот пенис додека тој вршел нужда. Атапорн Бунмакчуај очајно се обидувал да се ослободи од големата змија, која го нападнала во неговиот дом во Чачоенгсао, источно од главниот град Бангкок. 38-годишниот маж посегнал со раката долу, откако почувствувал силна болка, за на огромен ужас да види дека вилиците на змијата се зариле во врвот на неговиот пенис.

Атапорн врескал по неговата сопруга, додека се прпелкал наоколу, обидувајќи се да го откачи 3-метарскиот питон. Неколку мига пред да се онесвести, успеал да врзе јаже околу главата на змијата и да ја врзе за вратата на тоалетот, по што бил однесен во брза помош, откако претрпел огромна загуба на крв. Влекачот потоа бил одврзан и повторно пуштен во дивината, без да му се наштети.

pt01 pt02 pt03 pt04 pt05 pt06 pt07

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено