Една мачка со очни проблеми наеднаш стана вистинска сензација, откако фотографиите на кои таа носи специјални очила станаа вирални. Кул мачката се вика Бел и живее со својата сопственичка Керин Мекгил во Лос Анџелес, Калифорнија. Таа се родила без очни капаци и не може да лачи солзи. До сега ѝ се направени три операции како обид да ѝ се подобри состојбата, но Керин мора неколку пати во денот да ѝ става капки за очи.

Заедно со ветеринарот, Керин се сетила на идеја мачката да добие прекрасни очила кои ќе ѝ ги заштитат чувствителнте очи. Сивата мачка сега е навикната на очилата, поврзувајќи ги со чувство на удобност и заштита.

Очилата, украсени со накит, ѝ се неопходни на Бегл, спречувајќи да ѝ влегува прав и нечистотија во очите, што може да ѝ ја оштети рожницата и да доведе до слепило. Од време на време нејзината сопственичка ѝ ги трга очилата дозволувајќи ѝ да се исчисти, но кога е надвор, вообичаено е со очила, со што привлекува големо внимание. Керин ја посвоила Бегл кога била стара само два месеци. Со нејзината грижа за не, таа сака да ги инспирира и другите повеќе да се грижат за животните. „Животните заслужуваат да бидат среќни и да имаат дом“, вели таа.

mc01 mc02 mc03 mc04 mc05 mc06 mc07 mc08 mc09 mc10 mc11 mc12 mc13 mc14 mc15

Сподели на Facebook
пати видено