Храбар германски директор решил да престане да им ги брои празничните денови на своите вработени и им кажал да земат колку што сакаат слободни денови – без да им ја намалува платата. Улрих Кастнер, основач на хотелиерска компанија во Лајпциг решил својот 37-член пресонал да го награди со одмор колку што им е потребно. 41-годишниот директор вели:

„Тимот се покажа дека знае да биде одговорен. Тоа е тоа што ми е важно. Моите вработени не мораат да работат според некои правила, туку да работат за да постигнат цел.“

vr01

Кастнер објаснува дека тоа што нему му е важно е неговите вработени да си ја вршат работата, а не да седат на работа затоа што мораат. Според него, овие нови мерки обезбедуваат подобра работна атмосфера, како и подобар баланс меѓу работата и личниот живот. Се разбира, неговите вработени се радосни поради оваа негова одлука и уште повеќе си ја сакаат својата работа.

vr02 vr03

Сподели на Facebook
пати видено